21.11.2016 Мурињо: Руни не почна бидејќи е пребавен
Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека Вејн Руни не го почнал дуелот со Арсенал бидејќи е пребавен.
Јунајтед го одигра можеби и најдобриот натпревар на сезоната, но постигна само еден гол и на крајот беше казнет со погодокот на Жиру за конечни 1-1.
Руни остана на клупата, а шанса доби во второто полувреме.
„Очекував дека ќе ја поседуваме топката. Арсенал дојде со екипа која го пушта противникот да игра. Верував дека Мата, Мартијал и Рашфорд се побрзи од Руни, дека се подобра опција за играта еден на еден, мислев дека тоа е најдобрата опција“, изјави Мурињо.
Тој додаде дека му е жал што претходно не го тренирал Мајкл Карик.
„Мајкл е фантастичен играч. Штета, отсекогаш сум го сакал. Но, наместо да го тренирам на 25, јас сум му тренер кога тој има 35 години“, изјави Мурињо.