Корисничко име Лозинка Пријави се
21.11.2016

Игуаин неизвесен за дербито со Севилја

Гонзало Игуаин, напаѓачот на Јувентус, би можело да го пропушти дербито од петтото коло на Лигата на шампионите со Севилја.

Аргентинецот се здоби со удар на последниот дуел со Пескара, почувствувал силна болка во пределот на десното стапало и неговото учество на утрешниот натпревар е под голем знак прашалник.
Ова можеби и не би било толкав проблем ако Пауло Дибала, исто така, не беше надвор од редовите, па поради тоа Масимилијано Алегри ќе мора да смисли план Б, бидејќи здрав е само Марио Манџукиќ.
Некои италијански медиуми наведуваат дека друштво на Хрватот во нападот ќе му прави можеби Хуан Куадрадо, а по дебито во Серија А, во комбинација е и тинејџерот Моиз Кин.
Севилја и Јувентус се борат за првото место во групата Х, шпанскиот тим има десет, а италијанскиот осум бодови.
Натпреварот на програмата е утре, од 20.45 часот.

Најнови вести