Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2016

Конте: Ќе биде потешко од кога било, шест тима ја бркаат титулата

Антонио Конте, менаџерот на Челзи, изјави дека овогодишната шампионска трка во Премиер лигата ќе биде најтешка досега.

Неговата екипа претходниот викенд, по шесте последователни победи, се искачи на првото место на табелата, па има бод повеќе од Ливерпул и од Манчестер сити, три од Арсенал и четири од Тотенхем.
Конте изјави дека шест тима конкурираат за шампион.
„Нема да биде лесно. Шест тима се во трка за трофејот. Еден ќе го освои, три одат во Лигата на шампионите, а два во Лигата на Европа. Овогодишната Премиер лига можеби е и најтешка досега. За првото место мора да се бориме со: Арсенал, Ливерпул, Сити, Тотенхем и Јунајтед. Не постои поквалитетна лига од оваа“, изјави Конте.

Најнови вести