Корисничко име Лозинка Пријави се
22.11.2016

Лига на шампиони: Роналдо се враќа дома

По пауза од три седмици, со натпреварите од петтото коло продолжува натпреварувањето во Лигата на шампионите.

Првиот ден најголемо внимание привлекува дуелот во Лисабон меѓу Спортинг и Реал Мадрид и враќањето на Кристијано Роналдо дома.
Роналдо блескавата кариера ја почна токму во Спортинг, а потоа во Манчестер јунајтед и во Реал Мадрид ги достигна висините, а никогаш не криел дека клубот од Лисабон му е во срцето.
Португалците веројатно сè уште ги боли поразот од 2-1 во првиот натпревар во Мадрид, кога токму Роналдо го почна пресвртот во 90-тата минута, а сега во татковината доаѓа со дополнителна самодоверба по хет-трикот во средбата со Атлетико.
Жорже Жесус, тренерот на Спортинг, изјави дека има план како да го запре Роналдо, еден од најдобрите фудбалери на светот.
Во другиот натпревар од групата Ф, Борусија во Дортмунд има зицер против Легија, на која ѝ даде шест гола во Варшава.
Слична битка се води во групата Х меѓу Севилја и Јувентус, со тоа што директниот дуел во Андалузија ќе одлучува за првата позиција.
Шпанците имаат два бода повеќе од Јувентус и им одговара и нерешен резултат, додека Динамо во Загреб против Лион го брка првиот бод во оваа сезона.

Најнови вести