23.11.2016 Бирки бранел со скршена рака, ќе паузира два месеца
Роман Бирки, голманот на Борусија Дортмунд, ќе отсуствува од теренот два месеца по операцијата на раката, соопшти клубот.
Тој се повреди во саботата, во дербито со Баерн, кое неговиот тим го доби со 1-0, но и покрај тоа, го бранеше целиот натпревар. Во неделата беше констатирано дека се работи за фрактура.
„На Роман Бирки му беше извршена операција поради фрактура на раката. Операцијата беше успешна. Тој од теренот ќе отсуствува околу осум седмици“, соопшти Борусија.
Бирки од почетокот на сезоната бранеше на 15 натпревари во сите натпреварувања, а сега ќе го замени ветеранот Роман Вајденфелер.