23.11.2016 Кејн: Вториот гол го примивме како мали деца
Хари Кејн, напаѓачот на Тотенхем, е разочаран од елиминацијата во групната фаза на Лигата на шампионите.
Тотенхем со поразот од 2-1 во Монако во петтото коло остана без шанси за едно од првите две места во групата Е.
„Разочаран сум. Во натпреварот се вративме со голот за 1-1, но потоа како мали деца примивме втор. Тој нè сруши. Не игравме добро, не бевме доволно добри“, изјави Кејн, кој реализира пенал за изедначување.
Тотенхем од пет натпревари има само четири бода, па во последното коло ќе се бори директно со ЦСКА за место во Лигата на Европа напролет.
„Уништен сум, сакавме да се пласираме што понатаму, мораме да се избориме со ова. Не смее да се изгубат два натпревари дома во вакво натпреварување. Игравме на ‘Вембли’, но нашиот терен мора да биде тврдина“, додаде напаѓачот на Тотенхем.
Во осминафиналето на Лигата на шампионите од групата Е покрај Монако, се пласира и Баер Леверкузен.