Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2016

Пареха: Клатенбург го реши натпреварот со Јувентус

Николас Пареха, фудбалерот на Севилја, изјави дека смета дека судијата Марк Калтенбург е најзаслужен за поразот од Јувентус со 3-1.

Андалузијците поведоа во петтото коло на Лигата на шампионите токму со голот на Пареха, а англискиот судија на крајот на првото полувреме во рок од пет минути му покажа два жолти картони на Франко Васкез.
Не многу долго потоа, во продолжението на првото полувреме Јувентус доби пенал откако Меркадо го повлече и го турна Леонардо Бонучи во казнениот простор.
Јувентус со тој пенал стигна до изедначување, а големата победа ја оствари со погодоците на Бонучи во 83-тата и на Марио Манџукиќ во 93-тата минута.
„Изгубивме од силен противник, но имаа и среќа. Црвениот картон на Васкез е преостра одлука, бидејќи не го заслужи вториот. Судијата ја уништи нашата работа со двете одлуки кои го решија натпреварот. Пеналот, според мое мислење, е сомнителен, бидејќи јас го чував Патрис Евра, не Бонучи, но и повлекувањето не ми делуваше силно“, изјави Пареха.
Хорхе Сампаоли, тренерот на Севилја, кратко изјави дека тимот мора да го заборави овој натпревар и да се сконцентрира на Лион за да го потврди пласманот во осминафиналето.

Најнови вести