Корисничко име Лозинка Пријави се
23.11.2016

ПСЖ ослабен во Лондон: Орие не доби виза од Англичаните

Серж Орие, десниот бек на ПСЖ, не допатува со експедицијата кај клубот од Лондон на дерби-натпреварот од петтото коло на Лигата на шампионите против Арсенал бидејќи англиските власти не му издале виза.

Репрезентативецот од Брегот на Слоновата Коска во септември доби двомесечна условна казна затвор поради напад на полицаец.
Од ПСЖ изјавија дека на Орие му била издадена виза во октомври, но дека на 16-ти ноември одлуката била променета. Парижаните се лути поради доцната одлука на англиските власти и тврдат дека немале решение до вчера попладне.
„Изненадната одлука на британските власти влијаеше на фактот дека на Орие не му е дозволено да отпатува со екипата во Лондон. Изненадени сме од оваа одлука, која ќе нанесе непоправлива штета на интегритетот на Лигата на шампионите“, се наведува во соопштението на ПСЖ.
Францускиот клуб нема право на жалба на одлуката да му се ускрати виза на нивниот фудбалер.
Натпреварот на „Емирати“ се игра вечерва, од 20.45 часот и директно одлучува за првото место во групата А. Двата тима моментно имаат по десет бода.

Најнови вести