Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2016

Анчелоти: Не го потценивме Ростов

Карло Анчелоти, тренерот на Баерн Минхен, изјави дека неговата екипа не го потценила Ростов туку дека играла лошо и затоа изгубила со 3-2 од рускиот тим.

„Баварците“ поведоа во Русија, но не успеаја да го избегнат вториот пораз, поради што веројатно ќе останат без првата позиција.
„Направивме многу грешки по голот. Во овој момент работите се комплицирани. Не игравме добро, поради тоа изгубивме. Не го потценивме Ростов“, изјави Анчелоти.
И капитенот Филип Лам го изјави тоа.
„Како Баерн, требаше да го победиме овој натпревар. Направивме премногу грешки, тоа што не игравме во најсилниот состав не е изговор за поразот“, изјави Лам.

Најнови вести