Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2016

Венгер: Не бевме креативни

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека неговата екипа несфатливо ја испуштила предноста од еден гол на натпреварот со ПСЖ.

Двете екипи во шестото коло на Лигата на шампионите во Лондон одиграа 2-2, во средбата која директно одлучуваше за тоа кој ќе оди во наредната фаза од првата позиција.
Таа дилема сепак ќе биде решена во последното коло, кога Арсенал ќе се сретне со Базел, а ПСЖ со Лудогорец.
„Мора да признаете две работи. Интензитет и резултат. Многу дадовме на овој натпревар, се вративме по заостанувањето од еден гол, поведовме 2-1 со автоголот, но добро игравме. Имавме добри периоди во играта, но не можевме да доминираме. Ме загрижува тоа што имавме предност од еден гол и им овозможивме да се вратат во натпреварот. Тешко е да се разбере колку лесно го примивме вториот гол. Ни недостасуваше креативност, но освоивме бод. Можеби тоа нема да биде доволно за првото место, никогаш не се знае“, изјави Венгер.

Најнови вести