Корисничко име Лозинка Пријави се
24.11.2016

Меси прв во „клубот 100“

Лионел Меси, фудбалерот на Барселона, е најзаслужен за триумфот на својата екипа на гостувањето во Глазгов, каде што постигна два гола и дојде до импозантна цифра.

Барселона го надигра Селтик со 2-0, двата погодока ги постигна Меси и направи нешто што никому не му успеало.
Аргентинецот со тоа дојде до бројката од сто голови во интернационалните клупски натпреварувања, попрецизно во Лигата на шампионите, во Суперкупот на УЕФА и во Светското клупско првенство на ФИФА.
Оваа сезона веќе постигна девет голови, вкупно 92 погодока на 110 настапи во Лигата на шампионите, додека три гола постигна во натпреварите на Суперкупот на УЕФА, пет на пет настапи на Светското клупско првенство на ФИФА.
Првиот гол го постигна против Панатинаикос во далечната 2005 година, во победата на Барса од 5-0.
Она што е посебно интересно е тоа што прв пат два гола на еден натпревар во интернационалните клупски натпреварувања постигна токму против Селтик.
Со својот гол на Барселона ѝ го донесе трофејот на Лигата на шампионите во 2009 година. Тогаш каталонскиот клуб во Рим славеше против Манчестер јунајтед, а Меси го постигна вториот гол.
Досега најмногу успеа да постигне пет гола во текот на една средба, тоа му тргна од рака во победата над Баер Леверкузен со резултат 7-1.

Најнови вести