24.11.2016 Македонија падна за седум места на ранг-листата на ФИФА
Македонските фудбалери 162-то место го делат со Сингапур и Молдавија на најновата ранг-листа на ФИФА.
По поразот од Шпанија, македонската репрезентација во фудбал повторно падна на ранг-листата на ФИФА, сега се наоѓа речиси на дното, дури на 162-рото место. Таа позиција ја дели со селекциите на Сингапур и на Молдавија, а по нив е Косово, кое досега има одиграно само неколку натпревари.
На последните натпревари Македонија имаше тешки противници и не успеа да дојде до позитивен резултат, па нашата репрезентација продолжи да оди во надолна линија.
На најновата ранг-листа на ФИФА напредок забележаа само селекциите што се во групата на Македонија во квалификациите за Светското првенство 2018 година. За 25 позиции се искачи Израел, односно сега се наоѓа на 54-тото место. Шпанија ја задржа десеттата позиција, Италија имаше пад за три позиции и сега е 16-та, а Албанија падна за две места и сега е 49-та. Единствена селекција што е послаба од Македонија на листата е Лихтенштајн, кој имаше пад од шест места и сега е 189-ти.