28.11.2016 Алвес со скршеница на ногата
Дани Алвес, фудбалерот на Јунајтед, ја скрши левата нога на вчерашниот натпревар со Џенова, соопшти клубот.
Некогашниот фудбалер на Барселона се повреди во 76-тата минута, откако неговата екипа ги направи сите три измени.
Подоцна клубот потврди дека се работи за фрактура.
На оваа средба во 33-тата минута се повреди и Леонардо Бонучи, кој порано го напушти теренот бидејќи го пукна бутниот мускул.
„Старата дама“ беше поразена во Џенова со 3-1, што секако вчера не беше најлошата вест за навивачите на Јувентус.