Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2016

Металург го победи и Татран Прешов, Германцуте му се реваншираа на Вардар

Во натпреварот од осмото коло на ракометната Лига на шампиони Металург ја извојува и четвртата победа и со тоа го надмина она што го постигна во минатата сезона.

Металург на домашен терен ја совлада екипата на Татран Прешов со 26-20 (11-10) и успеа да се реваншира за поразот во Прешов.
Ракометарите на Металург имаа одлична игра и во второто полувреме целосно го надиграа словачкиот тим. На почетокот на натпреварот Филип Кузмановски ја скрши третата метакарпална коска на десната дланка и одигра многу слабо, па на првиот гол се чекаше дури десет минути. Тогаш играта на нашиот тим ја држеа одличните одбрани на Дарко Арсиќ, кој не дозволи Татран да направи поголема серија од 0-3. Металург се врати во игра дури во втората половина од првото полувреме, најпрво израмни на 5-5, потоа поведе со 7-6, па со 8-6. На полувремето замина со предност од еден гол, 11-10, благодарение на погодокот на Филип Талевски.
Во второто полувреме Металург целосно доминираше, почна со серија 4-0 за убедливи 15-10. Во неколку наврати словачките ракометари успеаја да се доближат до нашата екипа со разлика од два гола, но не успеаја да направат пресврт на резултатот. Металург играше одлично и успеа да се реваншира за поразот од пет гола во Прешов.
На овој натпревар Лино Червар напаѓаше со седуммина ракометари, без голман, и се покажа дека оваа формација е најдобра за Металург.
Најдобри ракометари на овој натпревар беа Филип Талевски, со нов двоцифрен број на постигнати погодоци, и Дарко Арсиќ со 15 одбрани.
Металург сега се наоѓа на третото место, со осум освоени бода, а решавачки за второто место и пласман во групниот плејоф ќе биде натпреварот кој се игра во следното, деветто коло, кога нашите ракометари ќе гостуваат кај екипата на Ла Риоха.
По победата на Вардар во Германија во претходното коло од ЛШ, на реваншот, Рајн Некар триумфираше во Скопје со 29-26 правејќи ја крајно интересна и неизвесна групната фаза од лигата на шампионите.
Германците си ги вратија загубените бодови на домашен терен, и го заплеткаа врвот на Б групата, каде Вардар останува лидер, но сега блиску се Рајн Некар, Пик Сегед и Кјелце.
За разлика од првата средба во Франкфурт, Германците имаа расположен голман, тактика што беше успешна, а Вардар „падна" во второто полувреме и не успеа да се врати откако гостите направија шест гола предност.

Најнови вести