Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2016

Азар: Арсенал? Сити и Ливерпул ни се конкуренти

Еден Азар, фудбалерот на Челзи, изјави дека смета дека само Ливерпул и Манчестер сити се ривали на неговиот тим на патот кон титулата на Премиер лигата.

Одличниот Белгиец на тој начин отфрли дека градските ривали Арсенал и Тотенхем, но и Манчестер јунајтед, би можело да се вклучат во трката за шампионската титула.
„Сити и Ливерпул се добри тимови, а доколку ја сакаме титулата, мораме да бидеме пред нив. Следното коло играме против Сити, силен противник и сакаме да продолжиме со победите. Полни сме со самодоверба“, изјави Азар за британските новинари по триумфот над Тотенхем (2-1).
Токму Арсенал, кој Азар не го гледа во трката, последен го совлада Челзи со 3-0, но два месеци подоцна „сините“ ги забележаа сите седум победи во англиското првенство.
„Пред два месеца не бевме подготвени, но сега знаеме што треба да правиме. Даваме сè од себе во секој натпревар“, изјави Азар.
Фудбалерите на Челзи по 13 кола се наоѓаат на врвот на Премиер лигата со 31 бод, еден повеќе од Ливерпул и од Манчестер сити, три од Арсенал и седум од Тотенхем.

Најнови вести