Корисничко име Лозинка Пријави се
28.11.2016

Палмеирас ја освои титулата по 22 години

„Зелените“ од Сао Пауло уште од 1994 година чекаа да се вратат на тронот и конечно го дочекаа тоа.

Палмеирас по деветти пат во својата 102-годишна историја ја освои шампионската титула на Бразил.
Трката е одлучена на две кола пред крајот на сезоната во Серија А, кога со победата над Ботафого е направена разликата од седум бода во однос на најблискиот ривал Фламенго.
Екипата кон шампионската титула најмногу ја влечеше шампионот од Рио, бразилскиот репрезентативец и иден напаѓач на Манчестер сити, Габриел Жесус. Овој тинејџер беше оценет како најдобар играч на шампионатот и воедно најдобар стрелец на екипата со 12 постигнати голови.
Од звучните имиња во овој шампионски тим на Палемирас се бесмртниот 42-годишен Зе Роберто, како и искусниот Парагваец Лукас Бариос.
Покрај споменатите тројца, многу важни во шампионската екипа беа уште дефанзивниот играч Витор Уго, поранешниот играч за врска на Риека, Моизес, како и Дуду, поранешниот напаѓач на Динамо.

 

Најнови вести