Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2016

Бонучи два месеца надвор од теренот, сè уште не се знае за Алвес

Леонардо Бонучи, столбот на одбраната на Јувентус, ќе паузира околу два месеца поради повреда на бутниот мускул, вчера потврди италијанскиот тим.

Бонучи се повреди на натпреварот со Џенова, кој Јуве го изгуби со 3-1, а лоша вест за „старата дама“ е и тешката повреда на Дани Алвес.
И додека за Бразилецот сè уште нема прецизни информации, познато е дека на Бонучи ќе му бидат потребни меѓу 45 и 60 дена за закрепнување.
Искусниот дефанзивен играч на теренот би можело да се врати и порано, во зависност од тоа какви резултати би покажале тестовите.
Јувентус веќе е значително ослабен во дефанзивниот ред , Андреа Барцаљи нема да игра до Нова година поради повреда на рамото.

Најнови вести