Корисничко име Лозинка Пријави се
29.11.2016

Енрике загрижен, неизвесен настапот на Алба и Пике

Дербито на шпанската лига меѓу Барселона и Реал Мадрид се игра во сабота, а тренерот Луис Енрике е загрижен дали ќе може да смета на сите играчи поради повреди.

„Кутињо навистина е добар фудбалер. Тоа што нема да можеме да го користиме во наредните неколку дена или една седмица, ќе се почувствува, секој тим на светот тоа би го почувствувал, но тоа е така засега“, изјави Клоп.
„Но, секако дека не смее да има изговор за ништо. Колку и да е добар тој, не може сам да го одлучи натпреварот, иако тоа некогаш се чини така, затоа што ја зема топката, дрибла и погодува. Не дека баш сум замислувал вакво сценарио, но што е тука е, мораме да покажеме дека како екипа сме способни да играме без секој поединец, па и без Филипе“, додаде германскиот стручњак.
На прашањето на новинарите дали повредата на Бразилецот значи дека ќе купат некој играч на неговата позиција во јануарскиот преоден рок, Клоп изјави:
„Можеби ќе има трансфери, а можеби и не. Сè зависи од тоа како ќе се одвиваат работите, дали во екипата ќе има уште повредени играчи или не. Исто така, можеби шанса ќе добие некој од нашите млади, талентирани фудбалери“, изјави Германецот.
Филипе Кутињо во саботата, на натпреварот со Сандерленд се здоби со повреда на глуждот и поради тоа ќе биде надвор од теренот најмалку пет-шест седмици.
Бразилецот извонредно ја почна сезоната, постигна пет голови и забележа исто толку асистенции во 13 лигашки натпревари.

Најнови вести