Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2016

Иниеста подготвен за Ел Класико

Луис Енрике, тренерот на фудбалерите на Барселона, изјави дека капитенот Андрес Иниеста е целосно подготвен за дуелот со Реал Мадрид во сабота.

Иниеста поради повреда на коленото не беше на теренот уште од октомври, а Енрике изјави дека тој би бил во тимот уште за денешниот натпревар против Еркулес во Кралскиот куп ако не беше суспендиран.
„Тој е целосно подготвен. Сега сите единствено чекаме клупските лекари да дадат зелено светло“, изјави Енрике.
Барселона се наоѓа на второто место на табелата на Примера лигата со 27 освоени бодови, односно има шест бода помалку од првопласираниот Реал Мадрид.

Најнови вести