Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2016

Одличен гест: Опстанок за Шапекоенсе и понудени фудбалери

Бразилските фудбалски клубови од највисокиот ранг Коринтијанс, Сао Пауло, Палмеирас, Сантос и други направија одличен потег.

Во знак на солидарност со екипата на Шапекоенсе, по паѓањето на авионот во Колумбија, одлучија на тој клуб, кој во трагедијата остана речиси без фудбалери, бесплатно да им позајмат свои играчи, пренесуваат локалните медиуми.
Покрената е и иницијатива клубот да има загарантиран опстанок најмалку три години, без оглед на резултатите.
Најавено е и дека Фудбалскиот сојуз на Бразил следната сезона ќе го пријави Шапекоенсе за натпреварувањата во Купот Либертадорес и во Суперкупот на Јужна Америка.
Во падот на колумбискиот авион животот го загубија 77 лица, а меѓу нив и бразилските фудбалери кои патуваа на првиот натпревар во финалето на Копа Судамерикана против Атлетико Насионал.

Најнови вести