Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2016

Клоп: Медиумите да се држат настрана од Вудбурн

Веста дека Ливерпул го совлада Лидс со 2-0 во Лига купот на Англија е потполно во сенка поради фактот дека напаѓачот Бен Вудбурн со 17 години и 45 дена стана најмладиот стрелец во историјата на „црвените“.

Медиумите веднаш се нафрлија врз момчето родено во 1999 година, а во одбрана застана Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул.
Германскиот стручњак од медиумите бара да престанат да пишуваат за момчето кое во 81-вата минута од натпреварот против Лидс влезе во историјата.
„Ние знаеме за што е способен Бен и што може сега да направи. Моја најважна работа е да му помогнам да биде што подобар. Потребно е да се направи многу од тоа, но посебно треба да се оддалечи јавноста“, изјави Клоп по натпреварот во којшто е соборен рекордот кој досега го држеше Мајкл Овен.
Во понатамошниот развој на младиот фудбалер најголема препрека би можело да бидат медиумите, коишто преку ноќ од него направија ѕвезда.
„Сè е добро, јас сум среќен за Вудбурн. Единствен проблем е што ме плаши односот на медиумите. Затоа не сакам многу да зборувам на таа тема. Затоа мислете и работете што сакате, а напишете само ’Стрелецот Бен Вудбурн’. Толку, тоа ќе биде вистински предизвик за вас“, изјави Јирген Клоп и директно се обрати кон новинарите.

Најнови вести