Корисничко име Лозинка Пријави се
30.11.2016

Вест хем со нови проблеми, Сако пред подолга пауза

Славен Билиќ состави сосема респектабилна екипа оваа сезона, но повредите ги спречуваат да ги покажат своите можности.

Никако да ги видиме „чеканите“ во целосен сјај, а причина се константните повреди на играчите.
По ред се повредуваа Керол, Масуаку, Бирам и Торе, Фегули и Паје имаа проблеми со подготвеноста, Кресвел беше повреден од претходно, па декември требаше да биде месецот кога ќе го видиме вистинскиот Вест хем, бидејќи се очекуваше тогаш да се вратат поголемиот број повредени првотимци.
Ају повторно е во поставата, се врати Кресвел, Паје конечно стана стандарден, а против Манчестер јунајтед шанса доби и Дијафра Сако, кој на почетокот на сезоната беше отстранет од првиот тим, откако изрази желба за промена на средината.
Поради големите проблеми во нападот, Билиќ го врати во првиот тим, му укажа доверба, а тој му возврати со голот против Манчестер во втората минута од средбата.
Делуваше дека работите за „чеканите“ конечно се добри, се очекува и Керол наскоро да биде подготвен, но следуваше нова лоша вест за хрватскиот стратег и неговите соработници во стручниот штаб на лондонската екипа.
Токму Сако се повреди на дуелот со Јунајтед, а сега е обелоденето дека од теренот ќе отсуствува во наредните шест седмици.

Најнови вести