30.11.2016 Саки: Јувентус нема ривал во Серија А
Ариго Саки, некогашниот трофеен тренер на Милан и селектор на Италија, изјави дека смета дека Јувентус е на многу повисоко ниво од останатите тимови во Серија А и дека мора без проблеми да ја одбрани титулата.
„Јувентус е индивидуално најдобар, го има одличниот тренер Масимилијано Алегри. Иако му се потребни нови играчи, бидејќи полека доаѓа до смена на генерацијата, Јувентус е прв со голема предност и огромна доза самодоверба. Не гледам дека има ривали во Италија“, изјави Саки.
За трофејниот тренер, кој уште има работено и во Парма и во Атлетико Мадрид, би било големо изненадување ако „старата дама“ не ја одбрани титулата.
„Не можете да кажете дека Милан е ривал на Јувентус, а и не се знае многу за новите сопственици на Интер. Моментно Јувентус нема противници какви што имал низ историјата во клубовите од Милано. Рома игра убав фудбал, но нема богата историја зад себе. Доколку Јувентус ја испушти титулата, ќе биде фудбалско самоубиство“, изјави Ариго Саки.