Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2016

Куп на кралот: Третолигашот ѝ одолеа на Барселона

Фудбалерите на Барселона одиграа нерешено 1-1 со Еркулес во првиот натпревар од шеснаесетфиналето на Кралскиот куп.

Третолигашот од Аликанте го изненади гигантот од Каталонија со голот на Давид Мајнс во 52-рата минута, но радоста на домаќинот кратко траеше.
Само шест минути подоцна, 18-годишниот Карлес Алења ѝ донесе изедначување на Барса, која, на изненадување на сите, не успеа да направи пресврт на резултатот до крајот на натпреварот.
Луис Енрике во Аликанте изведе комбиниран состав, без Лионел Меси, Луис Суарес, Нејмар, а со Рафиња како капитен и Туран и Пако во нападот.
За разлика од Реал Мадрид, кој во двомечот со Леонеса славеше со убедливи 13-2, како и Атлетико, Севилја и Вилјареал, коишто уште во првите натпревари ја завршија работата, Каталонците ќе мора да се потрудат и во другите 90 минути на „Камп ноу“ на 21-ви декември за да се изборат за осминафиналето на натпреварувањето.

Најнови вести