Корисничко име Лозинка Пријави се
01.12.2016

Колумбија им оддаде почест на хероите на небото

На стадионот на Атлетико Насионал 45.000 навивачи им оддадоа почест на трагично настраданите фудбалери на Шапекоенсе.

На стадионот на кој вчера требаше да се одигра првиот натпревар од финалето на Копа Судамерикана против Шапекоенсе, но е откажан поради падот на авионот со бразилската експедиција, им е оддадена почест на загинатите играчи.
Домаќинот одржа церемонија која почна со колумбиската војска, а потоа беше пуштен 71 гулаб за сите настрадани во авионската несреќа, пренесоа локалните медиуми.
На социјалните мрежи кружи снимка на која се гледа дека пред стадионот „Атанасио Жиради“ во Меделин се собрале уште неколку десетици илјади луѓе, а речиси сите, внатре и пред стадионот, носат бела маица и бело цвеќе.
Во трагичниот настан пред два дена преживеаја шест лица од вкупно 77 по падот поради, како што се сомнева, снемување гориво.

Најнови вести