01.12.2016 Кејн најплатен играч на Тотенхем на сите времиња
Англискиот фудбалер Хари Кејн денес го продолжи договорот со Тотенхем до 2022 година.
Кејн во претходните две сезони беше еден од најдобрите фудбалери на Тотенхем.
Тој минатата сезона постигна 25 голови во Премиер лигата и со тоа го постави клупскиот рекорд.
„Сите знаат колку го сакам овој тим и какви чувства имам кон клубот. Навистина сум пресреќен. Потпишувањето нов договор со Тотенхем е посебно чувство. Имаме одличен, млад тим и клубот се движи во одличен правец“, изјави Кејн.
Неофицијално, 23-годишниот фудбалер ќе има седмична плата од 125.000 фунти, односно 6,5 милиони годишно, што го прави најплатен играч на клубот на сите времиња.
Кејн, исто така, беше именуван во минатосезонскиот тим на Премиер лигата, а му припадна и Златната копачка за најдобар стрелец.
Овој 23-годишен напаѓач потекнува од Тотенхем, за кого одигра 137 натпревари и постигна 70 голови.
Кејн за репрезентацијата на Англија одигра 17 натпревари и постигна пет голови, а на своето деби минатата година против Литванија даде гол само по 73 секунди од играта.