Корисничко име Лозинка Пријави се
02.12.2016

Џенова со двата гола на Пандев во осминафиналето на Купот на Италија

Горан Пандев постигна два гола на натпреварот меѓу неговата Џенова и Перуџа во Купот на Италија и со тоа ѝ донесе пласман во осминафиналето на „Рособлу“.

Џенова во првите 45 минути од натпреварот имаше водство од 2-0 со головите на Симеоне и Пандев, но во вториот дел избраниците на Иван Јуриќ се опуштија, па гостите успеаја да изедначат 2-2 со головите на Бјанки и Дроле и натпреварот мораше да се игра во продолженија.
По стоминутна игра, Пандев успеа да се ослободи од својот чувар и со својот погодок повторно донесе водство за Џенова, додека Никовиќ беше стрелец во 116-тата минута од средбата и го потврди победникот. Во самиот крај Ди Нолфо успеа само да ја намали разликата на 4-3.

Најнови вести