Корисничко име Лозинка Пријави се
02.12.2016

ЕП до 21 година: Македонија со Португалија, Шпанија и Србија

Репрезентацијата на Македонија ќе игра во групата Б на Европското првенство до 21 година во Полска против селекците на Шпанија, Србија и Португалија.

Натпреварите од групата Б ќе се играат во градовите Гдањск и Бидгошч. Шпанија дефинитивно е најтешкиот можен ривал за стартот, а потоа во рамките од второто коло македонските фудбалски херои на 20-ти јуни во Бидгошч од 18 часот ќе ги одмерат силите со Србија, селекција која преку баражот и елиминацијата на Норвешка се пласираше на овој шампионат.
За крај, на 23-ти јуни, од 20.45 часот ќе следи пресметката со Португалија, репрезентацијата која е носител во групата и воедно актуелен европски вицешампион во младинска конкуренција.
„Добивме репрезентации кои се меѓу петте најдобри европски селекции според квалитетот на младинскиот фудбал. Ова е нова можност да ги покажеме нашите квалитети и да се претставиме во уште подобро издание“ изјави селекторот Милевски по ждрепката за Европското првенство.
„Секако дека имаме што да покажеме, патуваме без притисок и сакаме да го покажеме квалитетот демонстриран во квалификациите. Ќе се бориме и ќе се обидеме повторно да ја израдуваме јавноста“, додаде Милевски.
Во групата А се: домаќинот Полска, бранителот на трофејот Шведска, Англија и Словачка, а во групата Ц се: најдобриот тим од квалификациите Германија, Чешка, Италија и Данска.
Европското првенство до 21 година на програмата е од 16 до 20 јуни 2017 година, натпреварите од групата А ќе се играат на стадионите во Љубин и во Кјелце, а од групата Ц во Краков и во Тихи.
Во полуфиналето на турнирот, кое ќе се игра во Тихи и во Краков, ќе се пласираат освојувачите на трите групи и најдобриот второпласиран тим, а шампионот ќе се дознае на 30-ти јуни во Краков. 

Најнови вести