Корисничко име Лозинка Пријави се
03.12.2016

Барселона избра – доаѓа Дарио Срна

Барселона, шампионот на Шпанија, за десен бек за трансфер во зимскиот преоден рок го избра Дарио Срна, искусниот капитен на Шахтар, пишуваат „Мундо депортиво“ и „Ас“.

Каталонците долго време беа во потрага за играч на десната страна, се шпекулираше со имињата Бранислав Ивановиќ, Стефан Лихтштајнер, Антонио Рукавина и Матија де Шилјо, но изборот паднал на некогашниот хрватски репрезентативец.
На Срна договорот му истекува летото 2017 година, но Шахтар, чиј член е 13 години и практично жива легенда, е подготвен да го пушти без оштета.
„Доколку Дарио донесе одлука за заминување, ќе ја почитуваме. Заслужи најголем можен респект од нас за сè што му даде на Шахтар. Ќе биде така како што ќе сака Срна“, изјави Ринат Ахметов, претседателот на „рударите“.
Луис Енрике, тренерот на Барселона, нема многу опции на таа позиција. Алекс Видал не ги оправда очекувањата, поради што играчот за врска Серџи Роберто принудно игра на десната страна во одбраната.
Срна би бил вистинска замена за Дани Алвес бидејќи има слични карактеристики, но не и решение за долги патеки поради годините (34), па Барселона налето ќе се обиде да го доведе Жоао Кансело од Валенсија.

Најнови вести