Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2016

Кјелце му се реваншираше на Вардар

На натпреварот во гости кај Кјелце ракометарите на Вардар не успеаја да го повторат успехот од Скопје. Полскиот и европски шампион славеше со 27-24 против македонскиот тим и сега е сам на првото место во групата Б од Лигата на шампионите.

Полската екипа уште еднаш излезе победник во натпреварите со Вардар на свој терен. Во натпреварот имаше многу технички грешки и во некои моменти чудни одлуки на судијата. Кјелце почна агресивно и водеше во текот на целото прво полувреме.
Во второто полувреме Страхиња Милиќ одбрани 11 погодоци од 13 на крајот на средбата, им фати три од десетте досудени пенали, но ниту тоа не беше доволно Вардар да направи пресврт на резултатот. Во 50-тата минута од вториот дел двете екипи беа израмнети 22-22, но сепак бранителот на титулата на крајот беше победник со 27-24.
Со овој резултат Вардар сега е на третото место во групата Б во Лигата на шампионите со 12 освоени бода, еден повеќе има Пик Сегед, а Кјелце по вчерашната победа е лидер на табелата и има 14 бода.
Првиот натпревар од пролетната полузезона  Вардар ќе го игра на 18-ти февруари против Пик Сегед.
Вториот македонски клуб во групната фаза од Лигата на шампионите, Металург, ја загуби битката за второто место во групата Ц, откако е поразен во Логроњо од Ла Риоха, со резултат 25:31 (14:16).
Металург беше апсолутно рамноправен во три четвртини од средбата, но осумте минути без постигнат гол во второто полувреме беа решавачки бодовите да ѝ припаднат на домашната екипа.

Најнови вести