Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2016

Клоп: Престанавме да играме фудбал на 2-0

Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека му честита на Борнмут за заслужената победа во дуелот од 14-тото коло.

Ливерпул водеше со 2-0 и со 3-1, но прими три гола во последните 15 минути и беше поразен.
„Пред сè, ова е заслужена победа на Борнмут. Многу се бореа. Ние го изгубивме натпреварот во отсутни моменти. Им отворивме врата и тие влетаа и постигнаа неколку преубави голови. Поради тоа ова е праведен резултат“, изјави Клоп.
„Мораме и кога водиме со 2-0, да гледаме како играме, бевме статични. Изгубивме бидејќи престанавме да играме фудбал. Ако научиме од ова, тогаш во ред. Натпревар на 2-0 и 3-1 не е завршен. Им го дадовме поседот на топката. Се случуваат вакви работи“, додаде Клоп.

 

Најнови вести