Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2016

Малер по малер за Барселона, повреден и Нејмар

Каталонскиот клуб е во криза пред крајот на годината.

Фудбалерите на Барселона минуваат низ тежок период пред крајот на 2016 година.
Откако врзаа три ремија во Примера лигата, последното со Реал на „Камп ноу“ и со тоа им дозволија на мадриѓаните да останат на +6, тренерот Луис Енрике доби уште една лоша вест.
Бразилецот Нејмар се здоби со незгоден удар во мускулот на натпреварот со Реал, поради што ќе мора да паузира десетина дена.
За среќа, Нејмар е суспендиран за наредните натпревари, и во Лигата на шампионите и во Примера лигата, па секако не би ѝ бил на располагање на својата екипа.
Барселона утре го дочекува Менхенгладбах во последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите, а потоа во сабота, од 13 часот, гостува кај Осасуна.
Се очекува Нејмар да биде подготвен за градското дерби со Еспањол на 18-ти декември, на „Камп ноу“.

Најнови вести