Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2016

ФА куп: Вест хем против Сити, Јунајтед со Ридинг

Фудбалерите на Манчестер јунајтед одбраната на трофејот во ФА купот ќе ја почнат со Ридинг, одлучено е со ждрепката.

Јунајтед минатата сезона го освои својот 12-ти трофеј во ФА купот победувајќи го во финалето Кристал палас, а вчера го дозна противникот во третото коло на тоа натпреварување. Клубовите од Премиер лигата и од Шампионат лигата своето учество во ФА купот го почнуваат од третото коло.
Манчестер сити ќе гостува кај Вест хем, што е еден од четирите премиерлигашки дуели во третото коло.
Челзи имаше повеќе среќа на ждрепката, ќе игра со победникот од дуелот во кој се сретнуваат Питерборо и Нотс каунти.
Фудбалерите на Ливерпул ќе го нагостат или Њупорт каунти или Плимут, Арсенал ќе патува на гости кај Престон, додека Тотенхем ќе ја дочека Астон вила. Евертон во третата рунда на ФА купот ќе биде домаќин на Лестер, Хал ќе го дочека Свонси, а Барнли ќе гостува кај Сандерленд.
Натпреварите од третото коло на ФА купот се играат меѓу шести и деветти јануари 2017 година.

Најнови вести