Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2016

Чоло: Мојот син е во право, ќе го водам Интер

Диего Чоло Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, не гледа ништо спорно во изјавата на неговиот син Џовани кој рекол дека тој ќе го води Интер.

Чоло повеќе пати изјавуваше дека планира да го води тимот од „Џузепе Меаца“, со кого го освои Купот на УЕФА како играч за две години поминати во клубот.
Џовани, напаѓачот на Џенова, изјави за весникот „Онда Черо“ дека очекува татко му да му се придружи на Апенинскиот Полуостров во блиска иднина.
„Сосема е нормално мојот син, мојот татко, мојата сестра или мојата жена да кажат дека ќе го тренирам Интер во иднина бидејќи тие знаат дека еден ден и ќе го предводам. Немам што да ви кажам за својата иднина кога сè е јасно“, изјави Симеоне.
Договорот на Диего со Атлетико Мадрид му истекува за две години.

 

Најнови вести