Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2016

Арсенал прв, Наполи и Бенфика во осминафиналето, Лудогорец во Лигата на Европа

Фудбалерите на Арсенал се изборија за првата позиција во групата А, а Наполи и Бенфика се пласираа во осминафиналето од групата Б.

Арсенал го совлада Базел со 4-1 со хет-трикот на Лукас Перез на „Сент Јакобс парк“, искористувајќи го неочекуваното реми од 2-2 на ПСЖ со Лудогорец во Париз.
Во групата Б, Наполи ја совлада Бенфика со 2-1 во Лисабон за првото место во групата, но и лисабонскиот клуб се пласира понатаму благодарение на дебаклот на Бешикташ со 6-0 од Динамо во Киев. Гостите натпреварот го завршија со деветмина играчи, а уште на полувремето беше 4-0 за Украинците, кои сепак го завршија настапот во Европа. Бешикташ веќе ја имаше во раце Лигата на Европа.
Во групата Ц, Барселона го завери првото место со 5-0 против Борусија Менхенгладбах, со хет-трикот на Арда Туран и десеттиот гол на Лионел Меси во групната фаза. Манчестер сити ремизираше 1-1 со Селтик за крај на есенскиот дел на сезоната во елитното натпреварување. Шкотите останаа без пролетниот дел во Европа.
Во дербито на групата Д, Баерн го совлада Атлетико Мадрид со 1-0, со погодокот на Роберт Левандовски од слободен удар во натпреварот за престиж, бидејќи „јорганџиите“ уште претходно го обезбедија првото место. Голови немаше само во средбата меѓу Ростов и ПСВ, па Русите се изборија за Лигата на Европа.
Денес на програмата се натпреварите во групата Е, Тотенхем мора да ја победи ЦСКА и да се надева на пораз на Баер од Монако во Леверкузен. Во групата Ф, Реал мора да ја совлада Борусија за првото место, додека на Германците им е доволно реми на „Сантјаго Бернабеу“. Во групата Ц, Порто мора да го надигра Лестер, додека во групата Х, Јувентус и Севилја водат борба за првото место против Динамо, односно против Лион.

Најнови вести