Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2016

Венгер: Му благодарам на Лудогорец

Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, изјави дека му се заблагодарува на Лудогорец кој со ремито со ПСЖ му овозможи да ја освои групата А во Лигата на шампионите.

„Топчиите“ го завршија својот дел од работата по убедливата победа од 4-1 во Базел, а на врвот на групата ги одведе неочекуваното реми на Бугарите во Париз со 2-2.
„Му се заблагодарувам на Лудогорец за големиот резултат кој нам ни помогна да бидеме први во групата. Тоа е токму тоа што го сакавме. Против Базел игравме со многу самодоверба, бевме мобилни и убедливи“, изјави Венгер.
Потенцијални ривали на Арсенал на ждрепката за осминафиналето (понеделник во 12 часот) сигурно се Бенфика, Баерн, а веројатно уште Баер Леверкузен, Реал или Борусија, Порто и Севилја.
„Групната фаза ја завршивме на првата позиција, а сега ќе видиме што ќе се случи на ждрепката. Во секој случај, без оглед на исходот на ждрепката, ќе направиме сè што можеме за да се пласираме понатаму“, додаде Венгер.

Најнови вести