Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2016

Стротман суспендиран на два натпревари

Кевин Стротман, фудбалерот на Рома, е суспендиран на два натпревари поради неспортско однесување во текот на првенствениот дуел со градскиот ривал Лацио, пренесоа италијанските медиуми.

Рома во неделата, во големото римско дерби го победи Лацио со 2-0. Стротман го постигна првиот гол, а потоа го полеа со вода Данило Каталди, резервниот играч на Лацио. Каталди потоа го грабна за јаката, по што Стротман падна на земја.
Судијата потоа го исклучи Каталди, а Стротман доби жолт картон.
Стротман поради суспензијата ќе пропушти два важни натпревари, против Милан и против шампионот Јувентус.
Рома најави дека ќе поднесе жалба на суспензијата на нејзиниот играч.

Најнови вести