Корисничко име Лозинка Пријави се
07.12.2016

Кинезите во напад, Санчес станува најплатен?

Алексис Санчес, најдобриот играч на Арсенал, добил понуда од еден неименуван клуб од Кина од 15 милиони фунти по сезона.

Но, менаџерот Арсен Венгер нема намера да го пушти и ќе го направи најплатен играч на екипата, пишува „Дејли мејл“.
Како што се наведува, клубот од Лондон е во паника бидејќи сака да го задржи напаѓачот од Чиле, но Санчес бара значително подобри услови и од тие што ги има сега.
На Санчес договорот му истекува летото 2018 година, Арсенал сака да му понуди нов, околу десет милиони фунти за една година, што е помалку од Кинезите, но би имал најголеми примања меѓу „топчиите“.
Санчес оваа сезона игра во фантастична форма, постигна 11 голови во Премиер лигата, а се споменува дека е заинтересиран и Манчестер сити.
Тој во Лондон е од 2014 година, а претходно настапуваше за: Барселона, Удинезе, Ривер плате, Коло Коло и Кобрелоа.

Најнови вести