Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2016

Суарез останува во Барселона до 2022 година

Напаѓачот на Барселона Луис Суарез ќе го продолжи договорот со Барселона до 2022 година, потврди претседателот на клубот Хосеп Бартомеу.

„Се договоривме за нова соработка со Суарез. Сè е завршено, останаа само ситни детали, но за неколку денови ќе објавиме и официјално“, изјави Бартомеу за уругвајските медиуми.
Првиот човек на Каталонците изјави дека сакал да му понуди подолг договор на Суарез, иако за пет години напаѓачот ќе има 35 години.
Суарез за две и пол години во Барселона постигна 65 голови и освои по две титули во шпанското првенство и Купот на кралот, како и Лигата на шампионите. 
Уругваецот е дел од фантастичното напаѓачко трио со Нејмар и Меси, и останува уште тој да го потпише договорот откако другите двајца го направија тоа сезонава.
Суарез пред Барселона играше за Ливерпул, Ајакс, Гронинген и Насионал.

Најнови вести