Корисничко име Лозинка Пријави се
09.12.2016

Хапоел го шокираше Саутхемптон, Јунајтед рутински до второто место

Израелскиот Хапоел Бер Шева ѝ се приклучи на Спарта Прага во елиминациската фаза од Лигата на Европа откако одигра 1-1 на гостувањето кај Саутхемптон кој е елиминиран по овој резултат.

Хапоел и Саутхемптон имаат ист број бодови, но Израелците одат понатаму затоа што постигнаа гол во гости во директниот дуел откако на првиот натпревар беше 0-0. Гостите поведоа со голот на Бузаглу во 79-ата минута, а премиерлигашот израмни со голот на Ван Дијк во судиското продолжение.
Ова е епилогот во групата К во која од порано е елиминиран Интер кој од ова натпреварување се прости пред празните трибини на „Џузепе Меаца“ со победа над Спарта со 2-1.
Во групата Г Селта го обезбеди второто место по победата над Панатинаикос од 2-0, а Стандард и Ајакс одиграа 1-1.
Манчестер јунајтед рутински ја заврши работата на гостувањето кај Зорја и славеше со 2-0. Хенрик Мхитарјан го постигна првиот гол во дресот на „ѓаволите“ во 48-та минута, а победата ја завери Ибрахимовиќ на две минути пред крајот.
Англискиот тим во шеснаесет финалето се пласира како втор во групата А, а првото место му припадна на Фенербахче кој со голот на Муса Соу го победи Феенорд на гости со 1-0.
Во шеснаесет финалето се пласираа: Фенербахче, Манчестер јунајтед, АПОЕЛ, Олимпијакос, Сент Етјен, Андерлехт, Зенит, Аз Алкмар, Рома, Астра, Атлетик Билбао, Рапид, Ајакс, Селтик, Шахтар, Гент, Шалке, Краснодар, Фиорентина, ПАОК, Спарта Прага, Хапоел Бер Шева, Османлиспор, Вилјареал.

Најнови вести