Корисничко име Лозинка Пријави се
10.12.2016

Демант на Роналдо: Работев по законот

Еден од најдобрите фудбалери на светот и ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, демантираше дека сокрил 150 милиони евра и затаил данок.

Португалецот преку соопштение објави дека минатата година имал приходи од 227,3 милиони евра по обвиненијата дека го сокрил погоре споменатиот износ во „даночниот рај“ на Британските Девствени острови.
Во соопштението е понуден и документ кој покажува дека Роналдо не избегнал плаќање данок и дека надвор од Шпанија заработил 203,7 милиони и уште 23,5 во неа.
„Фудбалерот веќе нема да дава изјави на оваа тема. Докажавме дека Роналдо и неговите застапници соработуваат со властите во рамките на законот“, се вели во соопштението.
Порталот „Фудбал ликс“ објави дека Роналдо користел поволен даночен систем за да присвои повеќе пари од мултинационалните компании со кои склучувал договори.

Најнови вести