Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2016

Мурињо: Победа за Фелаини

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер јунајтед, изјави дека победата против Тотенхем му ја посветува на Маруан Фелаини, кој во минатото коло направи пенал со кој „ѓаволите“ ја испуштија победата.

Јунајтед го победи Тотенхем со 1-0 со голот на Хенрих Мхитарјан, а за Манчестер тоа беше прва победа по трите ремија во Премиер лигата.
„Оваа победа му ја посветувам на Фелаини, бидејќи тој го заслужува тоа. Во минатиот натпревар беше вмешан во загубата на двата бода, а на овој начин сакам да разјаснам дека тој ми е важен играч. Навивачите може да прават што сакаат, но со нас беа феноменални. Јас само сакам да им се заблагодарам за сè што ни даваат, особено за периодите во кои ние не им даваме толку, така што навистина сум среќен со нив“, изјави Мурињо за „Скај спортс“ по натпреварот.
„Овие три бода се волшебни, особено поради тоа што се заработени против многу добар тим, што нам уште повеќе ни значи. Затоа не ја менував првата постава од Евертон, бидејќи толку добро игра. Играчите добро играат... Сега одиме во гости кај Кристал палас и кај Вест Бромич, што повторно се тешки противници. Животот не е лесен. Среќни сме поради еволуцијата на тимот и задоволни сме од она што го работат. Играме многу добро против многу добар тим, што значи дека е потешко да се игра добро“, изјави Мурињо.
Тренерот на Манчестер јунајтед го пофали и Мхитарјан.
„Ги премина границите и стана подобар играч отколку што беше. Беше многу талентиран играч, но сега ја премина границата која другите играчи мора да ја преминат. Барам повеќе од моите офанзивни играчи. Клучни моменти во фудбалот се губење и враќање на поседот, а Мхитарјан е одличен во тоа. Другите играчи мора да се подобрат“, изјави Мурињо.

Најнови вести