12.12.2016 Клоп: Се обидовме сè
Јирген Клоп, менаџерот на Ливерпул, изјави дека се обиделе сè во натпреварот во којшто одиграа 2-2 со Вест хем во Премиер лигата.
Ливерпул водеше со 1-0, а потоа губеше со 2-1, па на крајот дојде до бод.
„Се обидовме сè. Едниот гол на Вест хем беше од слободен удар, а другиот беше чиста среќа. Водеа со 2-1, а ние имавме неколку одлични офанзивни ситуации и требаше да ги имаме уште. Се обидовме сè. Често бевме во шеснаесетникот, во многу ситуации. Се чувствував како цело време да бевме во нивниот шеснаесетник“, изјави Клоп по натпреварот.
„Ни требаше малку среќа. Нерешено не е толку лош резултат, но не е ниту толку добар. Можевме да ги избегнеме головите. За првиот гол: немој да правиш фаул, немој да ја губиш топката. Вториот гол беше несреќа. Жоел Матип одигра фантастичен натпревар, но во овој момент не можеше да расчисти, додека Лорис Кариус беше изненаден и беше предоцна“, додаде Клоп.
Славен Билиќ, тренерот на Вест хем, изјави дека неговиот тим одлично реагирал по водството на противникот, но дека не е задоволен од играта во второто полувреме.
„Покажавме одлична реакција кога поведоа. Во првото полувреме бевме многу добри. Не ме радува второто полувреме бидејќи очекував да бидеме подобри со топката. Кога ќе се собере сè, секоја чест на играчите“, изјави Билиќ.