Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2016

Лига на шампиони: Барса со ПСЖ, Арсенал против Баерн

Осминафиналето на Лигата на шампионите носи две големи дербија, Барселона ќе игра со ПСЖ, додека ривал на Баерн повторно ќе биде Арсенал.

Реал Мадрид, бранителот на титулата, во првата рунда од нокаут-фазата ќе игра со Наполи, додека интересно ќе биде во дуелот меѓу Борусија Дортмунд и Бенфика.
Манчестер сити имаше поволна ждрепка, го извлече Монако, Јувентус исто така имаше среќа, го чека Порто, поволно помина и Атлетико Мадрид со Баерн Леверкузен, додека во четврт-финалето ќе се пласираат уште Лестер или Севилја.
Првите натпревари ќе се играат на 14/15 и 21/22 февруари, а реваншите на 7/8 и 14/15 март. Четврт-финалето се игра на 11/12 и 18/19 април, полуфиналето на 2/3 и 9/10 мај, а финалето на трети јуни 2017 година во Кардиф.
ПСЖ во последните четири сезони во четврт-финалето на Лигата на шампионите беше запрен два пати од Барселона, во 2013 година поради помалиот број голови во гости (2-2, 1-1), а во 2015 со два порази од 3-1 и 2-0.
Арсенал беше елиминиран од Баерн во сите три меѓусебни средби во нокаут-фазата -2005, 2013, 2014. Реал два пати играше со Наполи во Европа, се пласира во првата рунда на Купот на шампионите во 1987/88 со победа и реми.
Манчестер сити е непоразен во последните три средби со француските клубови, но доби само еден дуел. Прв пат ќе игра со „кнезовите“.
Лестер од шпанските клубови во Европа има играно само против Атлетико Мадрид четири пати, доживеа три порази без ниедна победа. Јувентус е непоразен во меѓусебните дуели со Порто, од три натпревари има две победи.

Лига на шампиони, осминафинале:
Манчестер сити – Монако
Реал Мадрид – Наполи
Бенфика – Борусија Дортмунд
Баерн Минхен – Арсенал
Порто – Јувентус
Баер Леверкузен – Атлетико Мадрид
ПСЖ – Барселона
Севилја – Лестер

Најнови вести