Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2016

Јунајтед против „зелените“, дуел меѓу браќата Погба

На ждрепката која се одржа во седиштето на УЕФА во Нион одредени се паровите за шеснаесетфиналето на Лигата на Европа, која оваа сезона по три години ќе добие нов шампион, бидејќи трикратниот освојувач, шпанската Севилја игра во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Ждрепката не можеше да спои екипи од иста земја, како и клубови кои веќе играа во групната фаза на Лигата на Европа. Паровите ги извлекуваше Швеѓанецот Патрик Андерсон, поранешен дефанзивен играч на Блекбурн, Менхенгладбах, Барселона и на Малме, кој е и амбасадор на финалето на Лигата на Европа.
Најинтересен, секако, е натпреварот меѓу Манчестер јунајтед и Сент Етјен, кој ќе го обележи враќањето на Златан Ибрахимовиќ на француските терени, каде што со години играше за ПСЖ. Исто така, Пол Погба, играчот за врска на англискиот тим, ќе игра против родениот брат Флоран, фудбалерот на „зелените“.
Во финалето на минатата сезона Севилја во Базел го совлада Ливерпул со резултат 3-1, додека овој пат натпреварот за титулата ќе се игра на 24-ти мај во Солна, предградие на Стокхолм.

Парови на шеснаесетфиналето на Лигата на Европа:
Атлетик Билбао – АПОЕЛ
Легија – Ајакс
Андерлехт – Зенит
Астра – Генк
Манчестер јунајтед – Сент Етјен
Вилјареал – Рома
Лудогорец – Копенхаген
Селта – Шахтар
Олимпијакос – Османлиспор
Гент – Тотенхем
Ростов – Спарта
Краснодар – Фенербахче
Менхенгладбах – Фиорентина
АЗ Алкмар – Лион
Хапоел Бер Шева – Бешикташ
ПАОК – Шалке

Првите натпревари на шеснаесетфиналето ќе се играат на 16-ти февруари, додека реванш-натпреварите се седум дена подоцна.

Најнови вести