Корисничко име Лозинка Пријави се
12.12.2016

Роналдо е добитник на Златната топка на „Франс фудбал“

Ова е четврти пат Португалецот да го добие ова престижно признание, а со оваа награда се закити и во 2008, 2013, како и во 2014 година.

Кристијано Роналдо, фудбалерот на Реал од Мадрид, ја освои Златната топка на француското списание „Франс фудбал“ и на најдобар начин ја заокружи одличната година по освојувањето на Лигата на шампионите и на Европското првенство.
Роналдо триумфираше пред Лионел Меси, напаѓачот на Барселона, и Антоан Гриезман од Атлетико Мадрид.
„Франс фудбал“ на насловната страница на списанието го откри добитникот на Златната топка, иако свеченоста ќе се одржи вечерва, од 20 часот во Париз, на која нема да присуствува Роналдо бидејќи со тимот е во Јапонија на Светското клупско првенство.
Португалскиот фудбалер по четврти пат ја доби Златната топка и сега има една помалку од рекордерот Меси.

Најнови вести