Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2016

Вилјареал го нокаутира Атлетико, се повреди Облак

Фудбалерите на Вилјареал го победија Атлетико Мадрид во последниот натпревар од 15-тото коло на Примера лигата со 3-0 и веројатно ги отпишаа „јорганџиите“ од борбата за титулата.

„Жолтата подморница“ беше подобар ривал, доминираше, а со овој триумф се искачи на четвртото место на табелата, пред Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид, кој има најлош учинок по 15 кола откако Диего Симеоне седна на нивната клупа.
Тимот од предградието на Валенсија поведе во 28-мата минута со голот на Мануел Тригерос, по грешката на Тијаго, кој набрзо ја напушти играта.
По уште една лоша реакција на одбраната на „јорганџиите“, предноста ја удвои Џонатан дос Сантос, кој ненамерно го повреди Јан Облак, голманот на гостите, па Словенецот мораше да го напушти теренот.
Во продолжението на натпреварот не можеше да се промени сликата. Атлетико беше без решение, безопасен, а нокаутот следуваше во 93-тата минута со голот на Роберто Соријано.
Атлетико во досегашниот дел од сезоната против првопласираните тимови на Примера лигата освои само бод, со гол-разлика од 1-10.

Најнови вести