Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2016

Најнголан го сруши Милан, Рома го следи Јувентус

Фудбалерите на Рома на домашен терен ја победија екипата на Милан со 1-0 во дерби-натпреварот од 16-тото коло на италијанската Серија А.

Рома е втора на табелата со 35 бодови, четири помалку од првопласираниот Јувентус, додека Милан се наоѓа на третата позиција со 32 освоени бода.
Победата на Рома на синоќешниот натпревар ѝ ја донесе Раџа Најнголан со погодокот во 62-рата минута.
Рома во првото полувреме беше поопасниот ривал на теренот, но сепак Милан доби најдобра шанса за гол. Војќех Шченсни, голманот на Рома, во 27-мата минута предизвика пенал, но брзо се искупи бидејќи го одбрани ударот на Мбаје Нијанг.
Мрежите беа мирни до 62-рата минута, кога Најнголан убаво погоди од дваесет метри.
Рома во наредното коло ја очекува уште едно дерби, гостува кај Јувентус, додека Милан на свој терен ја дочекува Аталанта.

 

Најнови вести