13.12.2016 Импресивна година на Роналдо низ бројки!
Португалецот Кристијано Роналдо зад себе има година од соништата. Тој по четврти пат ја освои Златната топка, а кога ќе се погледне неговата статистика, ќе биде јасно зошто ја заслужи оваа награда.
Роналдо ги освои Лигата на шампионите и Европското првенство, а до крајот на годината ќе има шанса да го освои и Светското клупско првенство.
Во 2016 година одигра вкупно 55 натпревари, постигна 51 гол и имаше 17 асистенции, постигна шест хет-трикови.
Роналдо претходно Златната топка ја освои во 2008, 2013 и 2014 година, па ова му е трета Златна топка во последните четири години.
Нема сомнение дека оваа награда тој ја освои повеќе од заслужено.