Корисничко име Лозинка Пријави се
13.12.2016

Награда за одличните игри – Аспиликуета потпиша нов договор

Англичаните пренесуваат дека во Челзи е потпишан нов договор, Сесар Аспиликуета е добро награден за својот труд.

Сесар Аспиликуета оваа сезона игра одлично во дресот на Челзи. Целосно се вклопи во новиот систем што го применува Антонио Конте, заедно со Давид Луиз и Гери Кејхил го сочинува одбранбениот бедем пред голот на Тибо Куртуа оваа сезона.
Поради неговите одлични игри, Челзи реши да му понуди нов договор, иако постојниот му е со важност до 2019 година.
Шпанскиот фудбалер потпиша договор до 2020 година, платата му е зголемена, па овој потег на Челзи е за поздравување.
Аспиликуета оваа сезона одигра 15 натпревари во Премиер лигата, вкупно 18 во сите натпреварувања, а успеа да постигне и еден гол.

Најнови вести